Ковачевски за уставните измени: Ако некој ја увидел грешката од изолација на државата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, не сака да ги коментира кавгите во опозициската ВМРО ДПМНЕ, или како што вели „не сакам да коментира динамика во други политички партии“. Повика на обидинување за уставните измени, за побрз влез на нашата држава во ЕУ.

„Јас неколку пати имам кажано дека клучна работа во државата е да сите се обединиме во градење на една европска држава, заедно во Собранието да го отвориме патот кон полноправно зачленување во ЕУ. Ние пред една година започнавме процес на скрининг, кој значително успешно се одвива и затоа никој не поставува прашање. Да се одвиваше лошо, веројатно ќе имаше прашање за скринингот. Меѓутоа тој успешно се одвива“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на компанијата „Алма – М“.

Посочи дека претстои одлука во македонското Собрание која треба да се донесе со двотретинско мнозинство за уставните измени, а со цел да се отворат поглавјата и кластерите. Ковачевски е оптимист дека штом ќе се отворат кластерите, првото поглавје ќе биде затворено уште во февруари 2024, бидејќи во тој дел нашата држава е подготвена институционално, законски, како и со кадровскиот потенцијал со кои располагаат соодветните институции.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше, а друго прави сега, вели Тренчевска

„Јас секогаш сум верувал дека во опозицијата има луѓе коишто сакаат да ја видат земјата како членка на ЕУ, ако некој ја увидел грешката од изолација на државата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, подвлече Ковачевски.

Забележа дека стратешките одлуки за државата се тешки одлуки, а нашата држава според него го имаше најтешкиот пат за зачленувањето и во НАТО, а сега и во ЕУ.

МИА

- Реклама -