Ковачевски за МИА: Со Мицкоски ќе разговараме за добивање поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграциите

Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА дадена во Братислава вели дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи – за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи.

„Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, бидејќи ќе биде средба на која што ќе присуствуваат тимовите и ќе треба да се изнајде начин практично од нивна страна да ја поддржат оваа одлука, бидејќи оваа одлука е практично глас за нашата интеграција во ЕУ и не смее и не може да биде предмет на дневно-политички калкулации или на добивање политички поени. Иднината на граѓаните, на сегашните и на идните генерации е далеку позначајна од кариерата на кој било политичар и треба да се надминат и личните и идеолошките разлики во делот на носењето на ваквите одлуки, бидејќи ова е обврска на сите политички партии и на сите пратеници во Собранието“, истакна Ковачевски во изјава за МИА дадена по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Прочитајте и:  Мицкоски: Унгарија е силен поддржувач на проширувањето на ЕУ и наше полноправно членство

Ковачевски вели дека е рационален оптимист и дека верува во остварување на целта – членство во ЕУ.

МИА

- Реклама -