Ковачевски: СДСМ како и македонската држава почива на делата од НОБ, секогаш на вистинската страна

СДСМ како ниту една друга партија во земјава е вградена во темелите на оваа држава, во нејзината борба за слобода, за независност, за меѓународно признание и просперитет, порача претседателот на партиајта, Димитар Ковачевски, во своето обраќање на традоционалниот пикник по повод 11 Октомври во организација на ОО СДСМ Куманово.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, исто како и нашата државата, почива на вредностите и делата на Народно ослободителната борба. НОБ и антифашизмот го трасираа нашиот патот, прво за слобода а потоа и за создавање македонска држава, за остварување на вековниот сон на многу генерации. На борбата против антифашизмот и на херојството на нашите предци се поставени темелите на македонската државност. Благодарение на нив ние денес живееме во модерна, демократска државата, партнер на регионот и светот“, истакна Ковачевски.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Тој посочи дека СДСМ, како наследник на вредностите и идеалите од НОБ, останува на вистинската страна.

„Мое, наше, херојско Куманово, денеска ечи гласно и со право. Гордоста наша е тоа, затоа што СДСМ е директен наследник на таа борба, на тие вредности и идеали.

Често го споменувам делото на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. И денеска ќе го споменам повторно. Со членска книшка број 001 во СДСМ, Глигоров во младоста беше и еден од учесниците на АСНОМ и дел од градењето на современата македонска држава.

СДСМ секогаш била, е и секогаш ќе биде на вистинската страна“, порача Ковачевски.

- Реклама -