Ковачевски разговарал со новиот премиер на Бугарија, Денков

Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков, кому му го честиташе мандатот посакувајќи му успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.

„Во разговорот е изразено очекување од двете страни за добра меѓувладина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи. Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните“, информира владината прес-служба.

Како што е наведено во соопштението, „заедничка е оценката дека е потребна конструктивност во пристапот и понатамошната соработка, за коешто постои увереност и кај двајцата премиери дека го очекуваат и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес
- Реклама -