Ковачевски и Мицкоски утре на средба во Владата

Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, потврдија за МИА од Владата.

Средбата, како што информираат од Владата, ќе се одржи во 16 часот.

Претходно, во емисија на „Tелевизија 24“, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.

„Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата“, изјави вечерва Кадиевска.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството
- Реклама -