Ковачевски-Гир: „Во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал тет-а-тет средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, информира владината прес-служба.

На средбата, како што се наведува, била потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите и било оценето дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот кој земјава заеднички го утврди со ЕУ.

Гир и Ковачевски, како што велат од Владата, заеднички констатирале дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во ЕУ.

Ковачевски нагласил дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса што сега треба да се искористи и дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна но достижна цел за што, како што посочил, ја има поддршката и од стратешките партнери.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Евроамбасадорот Гир, велат од владината прес-служба, ја потврдил силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата.

- Реклама -