Ковачевски: Фон дер Лајен е искрен пријател на Северна Македонија и лично се залага за нашиот европски пат

„Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, е искрен пријател на Северна Македонија, која лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја“, објави премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

„На средбата, овде во Рејкјавик, искрено ѝ се заблагодарив што верува во нашата решителност да ги засилиме реформските процеси за подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани и побрзо да добиеме статус на полноправна членка на Европската Унија“, додаде Ковачевски од Рејкјавик, каде се одржува Самит на Советот на Европа.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -