Косовските лидери го потпишаа барањето за зачленување на државата во ЕУ

Претседателката на Косово – Вјоса Османи, собранискиот спикер Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти денеска го потпишаа барањето за зачленување на Косово во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Денешниот ден има историско значење за Косово, затоа што покрај аплицирањето за добивање статус кандидат, на овој датум е формирана и војската на Косово, истакна во своето обраќање претседателката Вјоса Османи.

Како мирољубива и демократска земја која ги почитува човековите права, Косово заслужува да стане дел од ЕУ, оцени таа.

„Во името на Косово преземаме решавачки чекор во правец на заживувањето на сонот, за да ја донесеме нашата земја чекор поблиску до ЕУ… Најмладата држава во Европа, земјата на политичкиот плурализам, на верските слободи, непоколебливиот придонесувач за мирот и безбедноста, заслужува да биде дел од ЕУ. Нашиот пат напред е јасен. Ние сме решени да успееме и ќе го завршиме нашиот дел од работата со цел на ЕУ да ѝ биде полесен патот. Ние преземаме историски чекор за БЕ да се придвижи што побргу кон историската одлука“, изјави Османи.

Прочитајте и:  Меџити: Прашањето со екстрадицијата на Рамадани треба да го решиме генерално, а не случај по случај

Извор: МИА

- Реклама -