На есен косата интензивно опаѓа, а тоа е вообичаена реакција бидејќи во текот на летото е постојано изложена на сонце, а со тоа засилено се лачи хормонот за раст на косата. Фазата во која влакната опаѓаат најчесто трае од четири до шест недели, а доколку ова се случува подолг временски период најдобро е да се консултирате со лекар.
Тестирајте колку коса ви опаѓа
Овој тест се прави на коса која не е измиена најмалку три дена. Дланката со раширени прсти ставете ја директно на темето, цврсто затворете ја и пуштете да се лизне од коренот кон врвот, така што влакната ќе паѓаат на лист хартија. Повторете го ова неколку пати. Ако паднат повеќе од десет влакна, имате засилено опаѓање на косата, затоа консумирајте повеќе витамини и минерали. Ако станува збор за повеќе од 15 влакна, тогаш веројатно се работи за здравствен проблем и мора да посетите лекар.
Третмани за коса
Третманите не делуваат на губитокот на коса, односно не можат целосно да го регенерираат нејзиниот раст, но во секој случај го поттикнуваат тој процес. Може да бидат орални (витамин Б комплекс, цинк и сицилиум), како и во вид на ампули, маски или креми за коса. Природна помош е чај од коњско опавче и масажа на кожата од главата со маслиново или масло од рицинус.
Здравствените препарати предизвикуваат опаѓање на косата
Многу лекови кои содржат бета блокатори, хепарин и литиум, како и амфетамини, може да предизвикаат опаѓање на косата. Сличен ефект може да предизвика неправилна работа на тироидата, која ги регулира хормоните во телото. Потоа, виновници може да бидат и агресивните третмани како бојадисување на косата, пеглање, минивал или невнимателно четкање, како и неквалитетни шампони.