Пред десктопот на компјутерот многумина поминуваат најмногу време во денот. Изборот на позадината ја отсликува вашата личност, меѓутоа истата статична позадина може да стане здодевна. Еве неколку алатки со кои можете на вашиот десктоп да му дадете повеќе личен печат и да додадете некои за вас важни информации кои секогаш ќе ви бидат достапни.
Пред десктопот на компјутерот многумина поминуваат најмногу време во
денот. Изборот на позадината ја отсликува вашата личност, меѓутоа
истата статична позадина може да стане здодевна. Еве неколку алатки со
кои можете на вашиот десктоп да му дадете повеќе личен печат и да
додадете некои за вас важни информации кои секогаш ќе ви бидат достапни.
Yahoo Widgets, порано познат како Konfabulator, е add-on за Windows (или Mac) кој можете да го надоградувате со голем број додатоци или гаџети како што се временска прогноза, часовник, аларм, калкулатор, најнови вести, вашата онлајн фото колекција и сл. Овие додатоци можете да ги сместите на вашиот десктоп на места каде најмногу ви одговара за да ви бидат секогаш достапни. Yahoo Widgets платформата е една од попознатите од овој вид, па доколку првпат се сретнувате со алатка од ваков вид можеби е најдобро да започнете со оваа.
Google Desktop најпрво започна како екстензија за Windows преку која брзо може да се пребарува вашето PC или мрежата. Како што се развиваше, Google на ова додаде и sidebar и голема колекција на додатоци за на десктоп. Некои од додатоците можат да се интегрираат со вашата сметка на Google.
Samurize е апликација за персонализирање на десктопот за понапредните корисници на Windows и Vista. Пред сè е дизајнирана за контрола на компјутерскиот систем и има неограничени можности за персонализација. Вклучува и додатоци за следење на временската прогноза, RSS, E-Mail. Од голема помош е WYSIWYG едиторот, но за комплетно да ги откриете можностите на Samurize тука е онлајн заедницата.
Rainmeter е многу сличен продукт на Samurize кој нуди повеќе можности за персонализација (голем избор на скинови и сл.).