Корејка положила за возачка по 960 обиди

ВозачкаЧа Са Сун, 69 годишна жена од Кореја, првпат полагала тестови за возачка дозвола во април 2005 година. Откако паднала неколку пати, наместо да се откаже, продолжила упорно да полага, сѐ до минатата недела, кога најпосле положила, по рекордни 960 обиди.

Ча Са Сун, 69 годишна жена од Кореја, првпат полагала тестови за возачка дозвола во април 2005 година. Откако паднала неколку пати, наместо да се откаже, продолжила упорно да полага, сѐ до минатата недела, кога најпосле положила, по рекордни 960 обиди.

ВозачкаУпорноста на Ча Са Сун се граничи со лудило. Откако паднала на првиот тест во април, 2005 година, започнала да полага во сите работни денови во неделата. Иако паѓала и натаму, полагањето не запирало.

Веќе од следната година, таа малку го намалила темпото, па полагала само еднаш до двапати во текот на неделата. Најпосле, при крајот на минатата недела, таа најпосле положила и ја добила својата возачка дозвола, по рекордни 960 обиди. Заедно со неа прославиле и нејзините инструктори.

Откако Ча Са Сун стана славна со овој „подвиг“, нејзините инструктори за медиумите во Кореја изјавиле дека таа нема да претставува опасност во сообраќајот, зашто имала проблеми само со тестовите, но не и со практичното полагање.

- Реклама -