Компанијата што произведува додатоци за компјутерски системи, Power A, на саемот за технологија Е3, го претстави новиот контролер за игри, со чија помош играњето станува значително полесно.
Бежичниот уред се поврзува со Андроид телефоните и таблет-компјутери преку Bluetooth конекција. За да бидат компатабилни, Андроид уредите мора да имаат минимум Gingerbread 2.3. Но, ова не е првиот ваков контролер на пазарот. Тогаш, зошто е толку посебен?
Контролерот наречен Moga има два аналогни падови, на десната страна има 4 копчиња, а на левата две. Она што го прави подобар од конкурентите е фактот што средината се отвара и во неа може да се смести речиси секој Андроид телефон, вклучително и Samsung Galaxy Note, којшто е прилично голем. При тестирањата, телефоните останале на своето место, дури и кога во текот на играњето доаѓало до тресење на контролерот.
Moga особено добро ќе им дојде на оние што сакаат да играат игри во прво лице, коишто се за нијанса потешки за играње на уреди со екран на допир. Овој Андроид контролер ќе биде пуштен во продажба во септември. [Moga gamepad transforms Android devices into proper controllers]