Антонио Конте, тренерот на Јувентус, кој неодамна беше избран за најдобар фудбалски тренер во Италија од страна на колегите, даде свое мислење на прашањето како да се запре најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси.
Утре, на Сан Сиро, Милан ја пречекува Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а Конте својот коментар го даде во контекст на овој натпревар.
Како да се сопре Меси? – Со пиштол
Се надевам дека Милан ќе помине во наредната фаза, ги поддржувам сите италијански тимови во Европа – изјави Конте
По 25 кола во Серија А, Јувентус е водечки на табелата, а Милан е на четвртата позиција. Конте ги пофали росонерите за доведувањето на Марио Балотели во Милан.