Консумирањето само еден алкохолен пијалок дневно го скратува животот

Консумирањето само еден алкохолен пијалок дневно, без разлика дали тоа е половина литар пиво, чаша вино или чаша алкохол, може да го скрати вашиот животен век за околу два и пол месеци.

Докторот Тим ​​Стоквел од Канадскиот институт за истражување на употреба на супстанции рече дека оние кои пијат значително повеќе алкохол од тоа (околу 35 пијалоци неделно) би можеле да го скратат својот животен век за дури две години.

„Алкохолот е нашата омилена рекреативна „дрога“. Го користиме за задоволство и релаксација, а последното нешто што сакаме да го слушнеме е дека предизвикува штета. Утешно е да се мисли дека некои пијалоци се добри за нашето здравје, но за жал, тоа се базира за лошата наука“, изјави тој.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Истакна дека ниту една количина на алкохол не е безбедна. Неодамнешните студии покажаа дека консумирањето алкохол може да го зголеми ризикот од одредени здравствени проблеми, како што се рак, срцеви заболувања, мозочен удар, заболувања на црниот дроб и многу повеќе, според Центарот за контрола и превенција на болести.

Иако долго време се веруваше дека црвеното вино е добро за вашето срце во умерени количини, тоа не мора да биде така, бидејќи некои студии го покажаа спротивното.

„Способноста да пиете е знак дека сте се уште здрави, а не причина за добро здравје. Постојат многу начини на кои овие студии даваат лажни резултати кои се погрешно толкувани па мислите дека алкохолот е добар за вас“, вели Стоквел.

- Реклама -