Конечно: Првиот евтин iPhone 5C за само 100 долари!!!!

Долго време требаше да чекаат фановите на Apple за да го видат ова чудо, iPhone кој ќе се продава со епитетот „евтин“, но очигледно и тоа е можно. iPhone 5C e се што ви треба од Apple, сместен во пластично куќиште, избор на маската во пет бои, солидни перформанси, 8 мегапикселна камера и сето тоа за само 100 долари, да добро прочитавте, вистина е!!!

iphone_5c530x290_100913_114719

Новиот iPhone 5C ќе се продава по почетна цена од 100 долари за основната верзија од 16 GB, а тој ќе го има процесорот A6, екранот е идентичен со големина од 4 инчи, но затоа има поиздржлива батерија од неговиот претходник iPhone 5, како и изборот на пет различни бои на заштитната маска и тоа бела, жолта, сина, црвена и зелена.

iphone 5c prva

Верзијата на iPhone 5C од 32 GB пак ќе се продава по цена од 199 долари, но мора да се напомене дека тоа важи за склучен двегодишен договор, што мора да се признае не е никаков трик, баш напротив ова е најевтиниот iPhone досега.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk

- Реклама -