Конечно пронајдена: Порака во шише стара 15 години

Кент Бјорк од Шведска бил многу зачуден кога на плажа успеал да пронајде шише со порака.Откако ја прочитал сфатил дека ја напишале деца од една градинка во Данска. И тоа пред 15 години!

Ја контактирал градинката, во која воспитувачите и децата биле воодушевени од откритието, иако децата кои ја напишале пораката веќе се на факултет. Се претпоставува дека неодамнешната олуја која ја зафати Данска го исфрлила шишето на брегот.

 

- Реклама -