Концепти од Парискиот Саем за Автомобили

концептиАко се суди според промотивниот материјал, Парискиот Саем за Автомобили 2010 ќе биде вистински настан кој не смее да се пропушти. Но, тоа и се очекува со оглед на тоа што ова е најголемиот саем за автомобили во годината. А поради тоа што оваа година нема Франкфуртски саем за автомобили, тогаш може да се очекува дека мнгоу компании своите нови дизајни ќе ги претстават во Париз.


Ако се суди според промотивниот материјал, Парискиот Саем за Автомобили 2010 ќе биде вистински настан кој не смее да се пропушти. Но, тоа и се очекува со оглед на тоа што ова е најголемиот саем за автомобили во годината. А поради тоа што оваа година нема Франкфуртски саем за автомобили, тогаш може да се очекува дека мнгоу компании своите нови дизајни ќе ги претстават во Париз.

Еве неколку концепти кои ќе бидат претставени годинава од 2 до 17 октомври во Париз.

Концептот Kia Pop
концепти

Концептот Pop од Kia изгледа како да е излезен од некој научно фантастичен филм. Kia Pop е дизајниран како градски автомобил, и ништо повеќе. Се работи за електричен автомобил, со само три седишта.

2012 Range Rover Evoque
концепти

Ленд Ровер го претстави дизајнот на Evoque пред неколку месеци, но парискиот саем на автомобили ќе биде првото појавување на „најмалиот, најлесниот и најефикасниот Range Rover досега“. Многу луѓе со нетрпение чекаат да ги видат спецификациите и малиот профил на овој автомобил одблиску.

Концептот Mazda Shinari
концепти

Мазда, преку концептот Shinari, ќе го претстави својот нов изглед наречен Кодо. Овој автомобил никогаш нема да биде масовно произведен, но сепак може да ве наежи само ако го погледнете. Shinari е купе со четири врати и динамичен флуиден дизајн.

Audi e-tron R4 Roadster
концепти

Овој автомобил ќе го има истиот погон, два електрични мотори на задните тркала и литиум јонски батерии, како прототипот претставен на саемот во Детроит, но според најновите гласини, ќе биде хибрид а не електричен автомобил. Сега за сега сигурно е само дека купето ќе биде претворено во кабриолет и дека ќе располага со 200 коњски сили.

Концептот Renault DeZir
концепти

DeZir однадвор е само темноцрвено Рено со прекрасен дизајн и уникатни врати. Но DeZir е дизајниран врз основа на електричен погон со мотор од 110 kW. Моторот добива енергија од литиум јонска батерија од 24 kW слична на онаа во Nissan Leaf.

Peugot EX1
концепти

Уште еден секси концепт на француски производител кој не смее да се пропушти. EX1 ќе биде еден од најспектакуларните автомобили кои ќе се појават во Париз. Дизајнот е различен по тоа што задната оска е потесна од предната, со цел да се добие подобра аеродинамика. Тоа, заедно со два електрични мотори од по 170 коњски сили и тежина од само 998 килограми ќе биде доволно за забрзување од 0-100 km/h за помалку од три секунди.

Прочитајте и:  Саем на креативни индустрии во Лабараториум
- Реклама -