Иако стилски сѐ уште не е докрај решен, теренецот на Alfa Romeo полека ја добива својата конечна форма.
Конструиран на C-Wide платформата на Giulietta, која се среќава и кај Dodge Dart, теренецот на Alfa Romeo ќе има off-road квалитети гарантирани со американска помош, бидејќи таму ќе се произведува, заедно со својот прекуокеански роднина, наредната генерација на Cherokee.
Новото SUV семејство на Fiat и Chrysler првично беше закажано за 2013 година, но како што сега стојат работите, терминот ќе биде запазен само за американскиот модел, а на италијанската верзија ќе треба да се чека уште една година.
Причината за ова колебање на Италијанците се стилските решенија на предниот дел, околу кои сѐ уште се кршат копја во Торино. Во игра се две струи – традиционалната и футуристичката.
И двете страни имаат свои аргументи, но неизвесноста на дизајнот не го блокираше развојот на возилото, кое ќе биде задвижувано од 3,0 литарски Pentastar V6 мотори со 190 и 241 KС и две верзии на дволитарскиот MultiJet со 140 и 170 KС.