Компјутер ги препознава птиците според нивната песна

Компјутерски експерти имаат развиено програма за автоматско одредување на песната на птиците, пренесува интернет порталот „Мојата убава градина“.

Од огромната архива со звуци на Велика Британија (British Library Sound Archive), каде што се чуваат над 100 000 птичји песни во дигитален формат, програмата според песната препознава за каков вид птица станува збор.

Во програмата се поставени алгоритми, кој обично се користат за обука на компјутери, и податоците за песните на сите познати на птици.

Специјалистите истакнуваат дека птичјото пеење има многу заеднички црти со човечкиот говор, а особено тоа се менува при обука.

Системот ќе може да се користи за препознавање на птиците и пребројување нивно во одредена територија.

- Реклама -