Компанијата на Заха Хадид го дизајнираше првиот дрвен стадион во светот

stadion-3-580x327[1]

Додека беше жива Заха Хадид, зборовите „еколошки“ и „Заха“ ретко, ако не и воопшто, можеа да стојат во иста реченица. Но сега, незјината компанија тукушто победи на конкурс за изградба на нов фудбалски стадион, кој воедно ќе биде и „најзелениот“ на светот.

За The Sun, претседателот на Форест Грин Роверс – англискиот фудбалски клуб по чија нарачка ќе се гради стадионот, Дејл Винс изјави:

„Навистина, највозбудливото за овој стадион е дека тој ќе биде целосно направен од дрво – тоа ќе биде преседан во целиот свет. Важно е да се користи дрво, бидејќи тоа е природен ресурс и освен тоа е со ниска содржина на јаглерод.“

stadion1-580x327[1]„Би сакал да видам каква ќе биде анализата на животниот циклус“, вели Винс. Тој со нетрпение чека да види колку енергија за светлина и греење ќе му е потребна на првиот дрвен стадион.

Историски гледано, и порано имало дрвени стадиони, иако повеќето од нив се уништени во пожари. Сепак, современата технологија на обработка на дрвото е суштински различна од поранешната. Со помош на денешната, модерниот дрвен материјал е многу поотпорен на оган.

3(2638)[1]Според меѓународниот дизајнерски конкурс, Zaha Hadid Architects (ZHA) – истата компанија што го дизајнираше и стадионот за Светското првенство во 2022 во Катар, ќе треба да проектираат стадион со 5.000 седишта, кој ќе биде дел од поголем проект од 100 милиони фунти – наречен Еко-парк, кој ќе вклучува природен резерват, како и голема јавна површина. Замислата е самиот еко-парк да генерира енергија, и да не ослободува јаглерод.

За The Guardian, Дејл Винс објаснува зошто е потребен нов стадион:

„Направивме многу за моменталниот стадион да го направиме еколошки одржлив, но сме ограничени во можностите. Тој не е граден со основна идеја да биде во склад со природата.

st

Но во Еко-парк, почнавме со празен лист хартија и ќе одиме подалеку отколку што било кој друг бил порано. Ова навистина ќе биде најзелениот фудбалски стадион во светот“.

Барем како што изгледа на проектот, стадионот ќе се наоѓа во зелена зона во која нема ниту трага од паркинг за автомобили. Ќе биде чудесно ако така биде и во пракса.

- Реклама -