Колку траат режаните дискови?

Повеќе...

Едно е сигурно: во дигиталната ера губењето на податоците е поизразено од било кога. Средствата за меморирање, како компактните дискови и дигиталните видео дискови (CD и DVD), траат само неколку години, додека множеството од податоци истовремено зазема недогледен размер. 


cd1.jpg

Едно е сигурно: во дигиталната ера губењето на податоците е поизразено од било кога. Средствата за меморирање, како компактните дискови и дигиталните видео дискови (CD и DVD), траат само неколку години, додека множеството од податоци истовремено зазема недогледен размер. 
Без воведување на технолошки новини огромната маса од податоци не може да биде меморирана и се губи. Она што важи за податоци од поголем размер – да речеме податоци за клиенти на некоја фирма или цела архива од непроценлива вредност – важи, за жал, и за сите наши лични податоци кои ги чуваме дома. А нивната вредност за секој од нас секако дека е голема. 
Во зависност од квалитетот CD и DVD траат од 50 до 100 години, но кога би биле чувани во оптимални услови зашто во спротивно животот им се скратува на 10 години. Дисковите кои сами ги режите траат 5 максимум 10 години. Ни со хард дисковите работите не се нешто подобри: после 10 години мораат да бидат заменети. Подолго време можеме да уживаме во права фотографија на хартија отколку во дигитална! Црно-белите фотографии траат и до 100 години, а оние во боја околу 75 – им се губи интензитетот на бојата. Да се надеваме дека истражувачите кои работат на развојот на средства за меморирање кои би ја споиле трајноста на старите добри микрофилмови со мемориските капацитети на дигиталните дискови ќе го престигнат моментот на огромното губење податоци. 

cd2.jpg

Наш совет е важните податоци – како првата фотографија на вашето бебе – додатно да ја меморирате и на DVD или USB. Не купувајте ги секогаш најефтините мемории, а освен квалитетот од пресудно значење е и начинот на чување. Фотографиите на CD и DVD чувајте ги на суво место и заштитени од светлина. 
Кога меморирате фотографии користете ги стандардните формати. Најдобар е TIFF форматот кој ги зачувува сите информации и може да се отвори со секој програм. Не се препорачуваат RAW датотеки и JPG форматот со кои при зачувувањето се губат некои од податоците. За архивирање на музички податоци најдобра е WAV датотеката. Текстуалните документи најдобро се чуваат во PDA/A формат. Ако имате документи на кои сеуште имате работа во Оffice уште на почетокот би било пожелно да ги зачувувате во XML формат. 
Чување на интернет
Вашите податоци додатно меморирајте ги на интернет. Услужните сајтови како "Microsoft Skydrive" и "file-upload" нудат простор за меморирање на своите сервери па дури и бесплатно. Но, тоа не значи дека треба исклучиво ова да го практикувате, затоа што и на интернет доаѓа до губење на податоците. Оние кои сакаат да архивираат полно мејлови може тоа да го направат на Googlemail-Postfach каде што се нуди простор од 7GB, а во иднина да се надеваме и повеќе.

- Реклама -