Најголемиот дел од мажите се уверени дека не можат да се заразат преку орален секс, па мислат дека употребата на кондом при самиот сексуален однос потполно ќе ги заштити. Сепак, постои можност од сексуално пренослива болест дури и кога се практикува исклучиво орален секс.
ХИВ
Без оглед на тоа што ХИВ вирусот побрзо се пренесува преку вагинален или анален секс, отколку преку оралниот, треба да се заштитите во секој од случаите. Иако носењето на кондом при орален секс е можеби најнепријатно, би требало да е задолжително, особено со партнерка што не ја познавате. Всушност, при оралниот секс, ризикот од зараза со ХИВ е уште поголем. Дури и најмалата раничка во устата може да биде пресудна. При тоа, поголема е опасноста за оној што пружа орално задоволство, додека за примателот ризикот е доста мал, но сепак присутен.
ХЕРПЕС
Иако гениталниот херпес и херпесот во устата може да се предизвикани од разни врсти на вируси (HSV1 – генитален, HSV2 – орален), тие можат меѓусебно да се мешаат и пренесуваат, па така, можете да добиете херпес и преку орален секс. Проблемот со херпесот е тоа што тој е пренослив и кога нема видливи симптоми. Кај херпесот, дури ни кондомите не се сигурна заштите, затоа што вирусот може да се пренесе и преку допир на кожа.
ГОНОРЕЈА
Изминативе години, доста популарност достигнуваат вестите за тинејџери со воспаление на грлото, предизвикано од зараза со гонореја. Бројот на воспаленија на грлото, како резултат на орален секс, е поголем кај девојките, отколку кај мажите – во случајот на мажите, потешко е да се допре со јазикот до инфицираното место, кое најчесто се наоѓа длабоко во внатрешноста на матката. Лечењето на ваквото воспаление е доста долго, тешко и напорно.
ХЕПАТИТИС
Нема цврсти аргументи за можноста за пренесување на хепатитис Б преку орален секс, ама затоа хепатитис А дефинитивно се пренесува преку тн. анилингус (орално надразнување на анусот). И двата вида на хепатитис се излечиви со инекции.
Оставаме самите да решите колку вреди да се ризикува.