Колку се чесни скопјани? „Г-ине, вам ви паднаа париве?“ (видео)

По YouTube се изнагледавме „социјални експерименти“ од типот „дали ќе ви го вратат паричникот“. Од моментот кога станаа хит пред некоја година, па до денес, веројатно постојат по барем две такви видеа за секој можен град.

Меѓутоа, скриенава камера на скопјаните Ефто и Боки имал мал твист. Нема паричник, туку ви приоѓаат и демек ви ги враќаат парите што ви паднале. Вие знаете дека пари не ви паднале и сега сте во дилема: Да се правите удрени и да ги земете, или едноставно да ги одбиете. Да видиме што решија „наместените“.

- Реклама -