Колку моќен може да биде Veyron?

Појавата на најмоќната верзија на Bugatti Veyron беше резултат на бројните барања од страна на клиентите на марката. Тоа се случи во 2010 година, а најмоќната модификација на Veyron беше наречена Super Sport. Оваа ѕверка имаше под хаубата 1.200 коњи, но тука не е крајот во подготовка е нова машина со 1.500 КЅ?!

bugatti-veyron-hd-wallpaper

Токму така Super Sport беше со дополнителни 199 коњски сили, во однос на дотогаш стандардната верзија и силата достигна 1.200 коњи. Под капакот на ѕверката со оваа дополнителна ознака е лоциран стандардниот за Veyron со W облик шестнаесетцилиндерски мотор со работна зафатнина од 7993 ccm. Главните разлики се во попродуктивните турбо компресори и во измените во интеркулерот.

1

И додека сите мислеа дека наскоро нема да се појави помоќен Veyron, луѓето од тјунинг студиото Customrides најавија дека можат да создадат помоќен Veyron Super Sport. Неодамна нивното творештво се појави на улиците на Монако. За жал деталите околу овој супер мега Veyron се минимални, но се знае дека силата е зголемена до 1.500 коњски сили. Од непотврдени информации најмоќното остварување на Veyron може да забрза од 0 до 100 km/h за точно 2 секунди!

2

Останатите измени се дело на т.н. оптички тјунинг и се поврзани со затемнети задни светла, делумно обоени во црвено фелни и повеќе карбонски елементи. Тјунинг експертите од Customrides обратиле и сериозно внимание на поставките на звукот, кој според очевидци е поуникатен.

2012-Bugatti-Veyron-Super-Sport-Interior

Не помалку фантастична е и цената на доработката. Сопствениците на Veyron Super Sport треба да доплат 600.000 долари за да може нивниот хиперкар да забрзува за 2 секунди!

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -