На американски сајт кој е специјализиран за продажба на класични автомобили „Oldcar online“ деновиве се појавило „Југо“ од 1987 година, а неговиот сопственик овој зачуван примерок го продава дури за 8.500 долари (6.800 евра).
„Моделот е во одлична состојба, комплетно оригинално „југо ГВ“ од 1987 година, без ‘рѓа. Дури и гумите се оригинални, а засега поминал само 15.377 милји (24.746 км). Гаражиран 20 години.“, вели неговиот сопственик од градот Клинтон од државата Њујорк.
Вака опишано, „југото“ навистина делува примамливо, но цената од речиси 7.000 евра е многу амбициозна, особено за американскиот пазар на половни класични автомобили.
Она што е интересно да се дознае е дали некој го купил овој „класичен“ примерок за таа цена.