Колку калории има во килограм човечко месо?

Канибализмот е напорно хоби. Денес се поврзува, разбирливо, главно со серискиот убиец Ханибал Лектер, или со очајни околности на живот или смрт. Но, истражувањата покажуваат дека канибализам имало уште во праисторијата.

Археологот Џејмс Кол од универзитетот во Брајтон, Англија, ја истражува историјата на канибализмот. Попат, се судрува со прашањето колку всушност хранливо е човечкото месо.

„Првично, прашањето беше малку незгодно. Чудно ми беше да се запрашам колку сум калоричен јас, како живо суштество“, вели Кол.

Сепак, Кол фатил да ја истражува калоричната вредност на мастите и протеините на секој дел од човечкото тело. Заклучоците му се следниве:

Килограм мускули на маж во денешно време содржат околу 1.300 калории. Тоа е калоричната вредност на незготвено човечко месо, нагласува Кол. Бројката се базира на податоци од четворица мажи, земени од претходни истражувања. Кол не успеал да најде податоци за жените и децата. Обезбедувањето на такви податоци во денешно време, пак, е „надвор од етичките норми“, ама и надвор од законските.

1.300 калории на килограм месо можеме да најдеме и кај други животни со слична тежина, како дивата коза. Калориската вредност на нашето месо, сепак, е прилично помала од таа на месото на поголемите животни. Месото на слоновите, на пример, содржи околу 2.000 калории по килограм, на носорозите – 1.750, а на мечките и дивите свињи – околу 4.000 калории/кг.

„Првично мислев дека ние луѓето сме доста хранливи, но во споредба со другите животни кои ги јадеме работите воопшто не стојат така. Тоа значи дека штом шестмина од нас се помалку хранливи од еден коњ, нема логика да се јадеме меѓусебно. Затоа и канибализмот не е дел од нашето секојдневие“, заклучува Кол.

Сепак, прочитајте си го и ова: Има ли иднина за канибализмот?

- Реклама -