Вчера, можниот трансфер на Марез во Манчестер Сити беше главна тема по сите светски спортски портали. Се шпекулираа бројки, па и сигурен трансфер во Сити.
Сити вчера испратил три понуди, но ниедна во висина од 60 милиони фунти колку што барал Лестер. Утринава на адреса на шампионот од 2016 година стигнала уште една – од 65 милиони.
И кога сите очекуваа финализирање на трансферот, “Лисиците” повторно ги одбиле „Граѓаните“. Побарале 90 милиони фунти кои за Сити биле неприфатливи и неговите претставници се откажале од преговорите, а со тоа и од алжирскиот репрезентативец.