Колку би заработувала вашата мајка/сопруга, кога би морале да и платите за сета работа во домот?

Барем еднаш сте ја слушнале мајка ви да рече дека не е слугинка и дека ќе продолжи да се грижи за вас и за домот само под услов ако и платите. Се разбира, тоа е само безопасна закана во момент на лутина, и се разбира, вие постојано плаќате за тоа со својата љубов. Но, колку би ве чинело, ако треба да платите со пари?

Амриканското национално биро за економски истражувања се потруди да пресмета колку би заработувале домаќинките, кога целодневниот ангажман во готвење, перење, чистење, грижа за децата и низа други активности би им бил платен. Истражувањето вели – 52.000 долари годишно, или по нашки, безмалку 240.000 денари месечно!

За да дојдат до ваквите бројки, авторите на студијата следеле неколку семејства во текот на 10 години, оценувајќи ги секојдневните задачи кои мајките и жените ги обавувале во домот и околу децата.

За истата проблематика се заинтересира и веб-сајтот Salary.com, кој спроведе анкета меѓу повеќе од 6.000 жени. Утврдено е дека жените работат во просек 94 часа неделно и кога би работеле по тарифа, би требало да заработуваат 8.000 долари месечно.

Ајде сега сите трк да си бакнете мајките/сопругите.

- Реклама -