Home Букаке Мисла на денот Кој сака 20 долари?

Кој сака 20 долари?

0
Кој сака 20 долари?

Некој познат говорник го почнал семинарот држејќи банкнота од 20 долари. Во собата со 200 луѓе, тој прашал: „Кој  ја сака оваа пара?“ Луѓето почнале да креваат раце, безмалку целата сала.

Говорникот ги стуткал 20-те долари во дланката. Тогаш прашал: „Кој ја сака сега?“. Секоја крената рака останала во воздухот.

„Добро, а што ако го направам ова?“, рекол говорникот и ја фрлил парата на земјата и почнал да ја гази со чевелот. Пак ја кренал, целата истуткана и прљава. „Сега, кој ја сака уште?“ Рацете сé уште стоеле во воздухот.

„Мои пријатели, вие научивте многу важна лекција. Без разлика што им направив на парите, вие сé уште ги сакавте бидејќи тоа не ја намали нивната вредност. Сé уште вредеа 20 долари.

Многу пати во животот, ние сме стуткувани, фрлени, газени и набиени во земјата од одлуките што ги носиме и околностите што ги среќаваме по патот. Се чувствуваме како да сме безвредни, но без разлика што се случило или што и да се случи, ти никогаш не ја губиш својата вредност.

Чист или извалкан, стуткан или фино испеглан, ти си сé уште бесценет за тие што те сакаат. Вредноста на нашите животи доаѓа не од тоа што го правиме или тоа што го знаеме, туку од тоа КОИ СМЕ.

Ти си специјален; никогаш немој да го заборавиш тоа“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here