Од визит картички направени од месо и играчки во форма на матка, па сè до кондом со мерни единици погледнете дел од најглупавите и најчудните работи што може да се купат на интернет (и сигурно во продавници некаде низ светот).
Од визит картички направени од месо и играчки во форма на матка, па се` до кондом со мерни единици погледнете дел од најглупавите и најчудните работи што може да се купат на интернет.
Визит картичка од месо. Какво ли треба да биде вашето его за некому да му подадете парче месо на кое се напишани вашите име и број?
Хм… Со помош на ултравиолетови зраци оваа џебна батерија наречена Urine OFF ќе ви помогне да откриете дали вашето куче мочало низ дома.
А за кучето да не моча насекаде ќе си купите домашен синтетички тревник што лесно се празни, наречен Pet-a-Potty. Има разлини големини, па може да си ја одберете иделаната за вашето куче.
Студент на медицинскиот факултет во Масачусетс ги измисли боксерките што не се перат. Идејата ја добил кога забележал колку им е непријатно на пациентите кои по долг престој во болниците имаат флеки на доната облека. Според изумителот проблемот е во белата боја која ги истакнува сите дамки. Неговата „генијална“ идеја се двобојни боксерки чија жолта боја напред и кафена одзади би требало да ги покрие евентуалните незгоди. Боксерките чинат 13 долари.
Играчката матка е дел од серијата играчки за деца на компанијата I Heart Guts. За разлика од останатите плишани внатрешни органи оваа мораше да биде повлечена од продажба затоа што децата би можеле да се задушат со јајниците!
Шлем што ќе го заштити главчето на вашето бебе. Особено корисен за периодот кога бебињата лазат и се обидуваат да ги направат првите чекори. Корисен, ама смешен.
А кога бебето ќе заспие искористете ја оваа бизарна перница во форма на раце. Додека бебето заспива мислејќи дека родителите го милуваат, родителите веројатно се спремаат за излегување.
За само 6 долари можете да си ја купите микроскопската верзија на Библијата и да си ја носите во новчаник. Зошто? Никој не би можел да каже.
И за крај сувенир што не заслужува коментар