Кој е пијалакот што најчесто го пиете и без кој не можете? Дали знаете колку шеќер содржи? Наведените количини на етикетите можеби не делуваат доволно сликовито. Но, нештата стануваат многу поопипливи кога можете да го видите шеќерот…
До сега безброј пати е пишувано за штетните ефекти од преголемиот внес на шеќер во организмот. Веќе нема некој што не знае дека калориите од шеќерот се празни калории, кои на крајот ќе ве остават без енергија, а ќе придонесат значително за зголемување на телесната тежина, а можат да послужат и за развој на одредени болести на подолг рок, како на пример дијабетес, тип 2. Затоа, од исклучително значење е да внимавате што внесувате во организмот, преку храната, но и преку пијалаците.
Иако не се знае идентитетот на ученикот кој го направил овој училишен проект, тоа не ги намалува ефектите. Секогаш кога ќе посегнете по лименка од кој било газиран сок, имајте на ум дека во неа може да се содржат и до 40 грама чист шеќер или речиси половина чоколадо. Не заборавајте дека и најголемиот дел од „природните“ овошни сокови се преполни со шеќери. Затоа, доколку навистина сакате да го зачувате здравјето, одлучете се за нешто навистина природно – вода или пак овошен сок што сами ќе си го исцедите.