Кои се најекономичните кросовери во Германија?

Експертите од германската компанија за продажба на користени автомобили AutoUncle направија анкета меѓу повеќе од 1,5 милиони сопственици на кросовери, кои се продаваат на пазарот во Германија. По ова ги рангираа најекономичните меѓу нив и најголемите „трошаџии“.

 

Во првата петорка се само дизел верзии на компактните модели. Лидер е Renault Capture, чија верзија со 1.5-литарски мотор со моќност 90 КЅ нуди просечна потрошувачка од 3.6 l/100 km. Нема сомневање затоа ова е и најпродаваниот модел на Стариот континент, во „најпосакуваниот“ сегмент. Високо котира и неговиот брат близнак Nissan Juke, a ги раздвојува Peugeot 2008. Единствен бензинец во првите десет е повторно Renault Captur, со 1,2 литарскиот мотор.


Топ 10 најекономични кросовери:

1. Renault Capture – 3.6 l/100 km, 1.5 дизел, 90 КS
2. Peugeot 2008 – 4,0 l/100 km, 1.4 дизел, 67 КS
3. Nissan Juke – 4.2 l/100 km, 1.5 дизел, 110 КS
4. Suzuki SX4 – 4.4 l/100 km, 1.6 дизел, 90 КЅ
5. Mercedes-Benz GLA – 4.5 l/100 km, 2.2 дизел, 136 КЅ
6. MINI Countryman – 4.6 l/100 km, 1.6 дизел, 90 КЅ
7. Opel Mokka – 4.9 l/100 km, 1.6 дизел, 136 КЅ
8. Citroen C4 Aircross – 4.9 l/100 km, 1.6 дизел, 110 КЅ
9. Nissan Qashqai – 4.9 l/100 km, 1.5 дизел, 110 КЅ
10. Renault Capture – 5,0 l/100 km, 1.2 бензински, 90 КЅ

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји

Топ 10 нaјнеeкономични кросовери:

1. Mercedes-Benz G500 (моделска 2012) – 14,9 l/100 km
2. Range Rover (2011) – 14,9 l/100 km
3. Jeep Grand Cherokee (2011) – 14.1 l/100 km
4. Dodge Ram (2012) – 14.1 l/100 km
5. Porsche Cayenne GTS (2009) – 13,9 l/100 km
6. BMW X5 M (2011) – 13,9 l/100 km
7. Porsche Cayenne (2002-2009 година) – 13,9 l/100 km
8. BMW X6 M (2011) – 13,9 l/100 km
9. Mercedes-Benz G63 AMG (2013) – 13,8 l/100 km
10. BMW X6 (2010) – 12,5 l/100 km

Сите учесници од втората табела се произведени најдоцна до 2012 година и се опремени со бензински мотори, но сепак се нудат на пазарот на половни автомобили во Германија. Во истражувањето се вклучени само модели со традиционални мотори со внатрешно согорување, кои се произведени не порано од 2008 година.

 

- Реклама -