„Коха“: Љупчо Николовски ќе биде новиот министер за одбрана

МВР останува под раководство на СДСМ и во новата влада, потврдуваат информациите на весникот на албански јазик „Коха“. На позицијата министер ќе се врати актуелниот технички премиер Оливер Спасовски.

Во рацете на СДСМ останува и Министерството за одбрана, со тоа што актуелната министерка Радмила Шекеринска ќе раководи со Секретаријатот за европски прашања, каде ќе го замени Бујар Османи, кој, според информациите на весникот, ќе биде новиот шеф на дипломатијата на местото на Никола Димитров.

На местото на Шекеринска, пак, на позицијата министер за одбрана, ќе биде поставен генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски, пишува „Коха“.

Венко Филипче ќе продолжи да раководи со Министерството за здравство, а Мила Царовска ќе се врати на првичата позиција во владата на Заев, како министер за труд и социјала.

- Реклама -