Кога поминал терминот, а бебето се уште не се дава

Времето си минува, а бебето не доаѓа. Ситуацијата предизвикува нервоза кај  идната мајка,  сосема свесно оди кај матичниот лекар со прашањата поврзани за техниките за индуцирање на породувањето и колку се безбедни истите.

Кон поттикнување на раѓањето може да пристапи само доколку терминот ви е задоцнет и веќе  поминала 40-тата гестациска недела. Повеќето методи имаат за цел да предизвикаат контракции, со тоа што се темелат врз  хормонална интервенција или на зголемување на нивото на простагландините.

Простагландините се активни супстанции во организмот, кои учествуваат во голем број процеси. Нивната главна функција сепак е контракција и опуштање на мускулите, за на тој начин да можат да дадат зелено светло на процесот. Еве некои од најпрепознатливите и тестирани методи за индуцирање на породувањето.

Раздвижување

Досега девет месеци идните мајки се чувале како принцези, без да им се дава да се оптоваруваат. Сега е време да надокнадите – малку активност ќе ви биде од корист. Прошетката низ паркот (под услов дека не се заморувате) може да го натера бебето да заземе соодветна позизија за раѓање . Ова важи и за зафатот со некои не толку тешки домаќински обврски. Пробај го истото и со качување и слегување по скалите.

Додади опис

Помош од алтернативната медицина

Има партиции на алтернативната медицина, кои се од корист за предизвикување на раѓање. Повеќе популарни стануваат акупунктурата и акупресурата, кои што ги лоцираат точните места на телото со цел да  испратат сигнал дека е време за раѓање. Некои научници сметаат дека овој тип методи помагаат и за полесно проширување на матката.

Има и масажни техники. Замолете го партнерот да ве масира помеѓу палецот и показалецот на раката со кружни движења или четири педи над глуждот од внатрешната страна на нозете.

Хомеопатијата исто така дала свој придонес. Чајот од  лист од малина ослободува по природен пат материи и хормони кои предизвикуваат контракции. Друга опција е употребата на масло од јаглика , што се става во вагината. Сепак со последниве две никако без косултација со стручно лице, со оглед на тоа што постојат  билки и мириси кои што можат да бидат опасни за бременоста.

Додади опис

Мени за индуцирање на раѓање

За да предизвикате раѓање, јадете зачинета храна. Мексиканска или индиска кујна, повеќе кари, зачинет сос, црвен пипер, пиперки – она што  душата ќе ви го побара за овие девет месеци. Методот не е научно потврден, но според специјалистите овој тип на храна го иритира дигестивниот систем и така може да предизвика контракции.

Сексуални авантури и технологија

Можеби не ви е до секс, но тој може да биде решението на проблемот. За време на половиот акт, кога мажот завршува, се ослободува хормонот окситоцин, кој ја стимулира матката. Оргазмот има ист ефект врз матката. И  за ова ќе морате да се консултирате со лекар, веројатно о зависност од тоа како го носите плодот. Друг метод е  масажа на брадавиците. Масажата може да провоцира хормонални промени во телото.

Додади опис

Лекарски методи

Пробушување на водењакот – може да помогне во случај кога грлото на матката е омекнато и созреано, но породувањето сепак не напредува.

Окситоцин – тоа е хормон кој ги предизвикува контракциите на матката. За индуцирање на породувањето се употребува вештачка форма на окситоцин, но само ако другите методи не успеале.

Примената на ова средство носи повеќе ризици, во однос на другите средства. Хиперстимулацијата може да го доведе бебето во неволја, а понекогаш може да дојде и до пукање на матката. Исто така контракциите при негова примена се поболни од природните.

Понекогаш се прескокнува и се оди директно со царски рез.

- Реклама -