Кога парот ќе полуди на сред венчање

Еден пар во Англија немаше доволно трпение да почека до крајот на своето венчање, па започна со првиот танц на сред церемонијата во црквата и тоа заедно со свештеничката која ги венчаше.

Гери и Трејси Ричардсон го изведоа популарниот „flash mob“ после првиот бакнеж како венчана двојка. Неколкумина од гостите веднаш им се придружија, додека останатите гледаа зачудено.

Во моментот кога заечи песната „Everybody Dance Now“, во црквата започна вистинско шоу.

 

- Реклама -