Кога фудбалерите на Партизан спасуваа жива глава во Сплит

Многумина до денес сметаат дека натпреварот на Максимир помеѓу Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда се сметаат за почеток на војната во Југославија, но истото може да се каже и за натпреварот во Сплит помеѓу Хајдук и Партизан на 26 септември 1990.

partzaaaan

Почетокот на деведесетите години од минатиот век донесе многу лоши работи за луѓето од овие простори во многу сфери на животот, па и во спортот.  За некои тоа беше можност за забава и ужиње  во фудбалските претстави, но за други претставуваше „издувен вентил“ каде ќе се испразнат и ќе го изразат нивното „вистинско“ мислење.

Токму тоа го направија навивачите на Хајдук од Сплит на 26 септември 1990 година, на натпреварот против Партизан во кој црно-белите играа феноменално. Со погодоците на Ѓурѓевиќ, белграѓаните во 71-ва минута водеа со 2:0, а само две минути подоцна се случи нешто од кое сите стравуваа тие денови.

Војната беше во самиот почеток, се разгоруваше омразата меѓу народите дотогаш под истото знаме.Популарните навивачите на Хајдук, групата наречена „Торцида“, во 73 минута од натпреварот влегоа во теренот и го прекинаа натпреварот.

haj-par2

Некои од медиумите тогаш тоа го пренесуваа како незадоволство од резултатот на својот тим, но вистинската причина за тоа е сосема различна и на сите нас добро позната.

Само момент пред стампедото на хрватските навивачи, играчите и стручниот штаб на Партизан едвај успеаја да избегаат од теренот и  да се спасат, бидејќи беше јасно дека тие беа главната цел на фанатичните навивачи.

haj-par-90-3

Дури и некои играчи на Хајдук со нивните тела ги спречуваа навивачите да се справат со гостите од Белград, но тие сепак си најдоа нова цел. Тоа беше знамето на Југославија, кое висеше на јарболот. Навивачите дојдоа до јарболот, го запалија југословенското знаме и го заменија со хрватското.

На сите им беше јасно дека доаѓат црни денови, кои се почувствуваа како во фудбалот така и во целокупниот спорт.

Нередите во Сплит…

Нередите на Максимир…

- Реклама -