Кога е потребно дефрагментирање?

Повеќе...

Вашиот компјутер е спор и често кочи, а нема вируси. Можеби е време за дефрагментирање на хард дискот. Еве за што точно станува збор и за што се’ служи дефрагментацијата.

Работејќи на компјутер вие креирате и бришeте илјадници фајлови, а тоа со тек на време остава делчиња празен простор на хард дискот. И тој хард диск почнува да личи на швајцарско сирење, па кога ќе посакате да инсталирате некоја нова програма или да креирате нов фајл, вашиот компјутер мора деловите од тој фајл да ги размести низ дискот наместо да ги зачува заедно, што пак, на крајот влијае врз времето потребно фајлот да се отвори или да се покрене некоја апликација. Но, и за тоа има решение. Постојат голем број програми со чија помош можете да направите дефрагментација на дискот. 
Најпознатата е секако Windows Disk Defragmenter која е составен дел на самиот Windows оперативен систем. Едноставен е за користење, а во зависност од староста и начинот на кој го користите вашиот компјутер можно е на овој процес и да му треба малку повеќе време, па најдобро е тоа да го направите навечер, кога ќе ги завршите вашите обврски. Со дефрагментацијата расфрланите делови од податоците ќе се соберат на едно место правејќи ги поврзани во целина, а во исто време ќе се ослободи повеќе празен простор каде што ќе можете да сместувате нови податоци. Со овој процес на компјутерот сте му го намалиле времето да отвора фајлови и покренува програми, што е и целта на самата дефрагментацијата.

diskdefrag1.jpg

- Реклама -