Ќе го откопаат за да му ја вратат SIM картичката

deadguy_cellphonepЕден човек чија последна желба пред смртта била да биде закопан со
својот мобилен телефон, ќе треба да биде откопан поради тоа што
семејството открило дека заборавиле да ја стават неговата SIM картичка
во апаратот.


Еден човек чија последна желба пред смртта била да биде закопан со својот мобилен телефон, ќе треба да биде откопан поради тоа што семејството открило дека заборавиле да ја стават неговата SIM картичка во апаратот.

deadguy_cellphone

Арсо Бањеглав (67) од Монтенегрин бил преокупиран со праќање СМС пораки на неговите пријатели, па му рекол на својот 38-годишен син Брано дека неговата последна желба е да го закопаат со телефонот.

Меѓутоа по погребот семејството открило дека неговиот внук кој си играл со апаратот, ја извадил SIM картичката моменти пред закопот на својот дедо.

„Го ставивме телефонот во неговите раце како што тој сакаше, но мојот 10-годишен син си играл и ја извадил картичката без мое знаење, па сега ќе мора да го откопаме и да ја поставиме во него.“ – вели Брано.

- Реклама -