Ќе бидете послаби ако јадете… слатки?

Љубителите на добра, слатка закуска повеќе не треба да чувствуваат вина кога ја јадат омилената чоколада, бисквит или бонбони, бидејќи сакале или не, ќе останат послаби од оние кои не јадат слатки.

Барем така вели истражувањето спроведено на Американскиот универзитет за земјоделство во Луизијана, според кое оние кои во поголема мера консумираат чоколадо и други слатки имаат помала тежина, потесен струк и помал индекс на телесна маса од луѓето кои не јадат.

Освен тоа, оние кои јадат благо имаат 14 отсто помали шанси да заболат од висок крвен притисок, а ризикот да заболат од метаболички синдром е за 15 отсто помал од оној на другата група испитаници. И сето горенаведено може да доведе до срцеви заболувања и срцев удар.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Како и да е, споменатата студија не сугерира дека сите треба да јадеме слатки за да ослабеме, туку укажува на фактот дека оние кои сакаат слатки повеќе вежбаат и се физички поактивни од другите, па затоа консумираат повеќе калории.

Од друга страна, истражувањето укажува дека доколку десертите ги консумирате умерено, што за испитаниците во просек изнесувало 37 грама дневно, ќе ги постигнете горенаведените резултати.

- Реклама -