Киселата зелка носи здравје

Зима без кисела зелка? Ова кај нас ретко кој може да си го замисли. Киселата зелка е редовно присутна на нашите трпези во зима и секогаш претставува дополнителна закуска која одлично оди со чашка ракија. Киселата зелка воопшто не заостанува зад другите здрави јадења.

Киселата зелка е освежителна нискокалорична храна која е одлична за конзумирање во зима. Содржи многу витамин Ц, минерали и други соединенија кои го чуваат вашето здравје. Зелката штити од вирусни инфекции, грип и други загрозувачи на здравјето кои демнат во зимскиот период.

Само една чаша сок од цедена кисела зелка ќе ги надополни витамините кои ви недостасуваат за целиот ден. Киселата зелка е многу ценета од познавачите на народната медицина бидејќи содржи многу антиоксиданси а добра е за имунитетот и дигестивниот систем. Ги содржи скоро сите витамини, па можеме да кажеме дека ако ја конзумирате редовно сигурно нема да имате проблем со витамините во текот на целата зима.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Многу е важно зелката да е природна и да не е одгледувана со додавање на разни хемиски препарати.

Сега е сезоната која претстои за да ја конзервирате и вие вашата зелка. Немојте да се двоумите дали да го направите тоа, бидејќи со ставањето на кисела зелка ќе му подарите здравје на Вашиот организам во текот на целата зима.

- Реклама -