Замилсете си дека се наоѓате во сообраќаен метеж во којшто колоната не се придвижува со часови. Што би посакале најмногу во тој момент? Во Богота, Колумбија, Coca-Cola им обезбеди на луѓето заглавени во метеж малку забава и освежување, за полесно да го пребродат периодот на огромни нервози.
{youtube}P0w9kyrcMPM{/youtube}
Покрај автопатот на којшто имало огромен сообраќаен метеж, тимот на Coca-Cola поставил огромен видео бим, а на една од радиостаниците одел тонот за забавната програма. Во меѓувреме, по автомобилите се делеле шишенца Coca-Cola и храна.