Кинезите ги запишуваат своите тригодишници на курсеви за извршни директори

young-CEO2[1]

Во обид на своите деца да им дадат мала предност во трката на животот, богатите кинески родители ги запишуваат во секакви рани едукативни програми, вклучувајќи и тренинг курсеви за извршни директори.

Еден таков едукативен институт од Гвангжоу, нуди „CEO тренинг курсеви“ за деца од 3 до 12 години, по цена од 50.000 јуани годишно (7.500 долари). Децата имаат по 2 часа неделно, за чие времетраење децата работат на разни активности, како пополнување на празни зборови во реченици, или редење на коцки. Не звучи нешто специјално, нели, но според промотивната брошура на институтот, курсот „им овозможува на вашите деца да станат моќен, компетитивен лидер“.

Моќен, компетитивен лидер во зародиш.
Моќен, компетитивен лидер во зародиш.

Дека Кина има една од најкомпетитивните образовни средини во светот, нема дилема. Затоа родителите прават сé што можат и сметаат дека може да им помогне на нивните деца да не заостануваат. Експертите мислат поинаку – дека ваквите екстравагантни курсеви им прават многу поголема услуга на родителите, отколку на децата. Притоа алудираат на тоа што ваквите курсеви во Кина се сметаат за доказ за општествениот статус на фамилијата, комплетно игнорирајќи го фактот што самата содржина на наставата нема некаква вистинска вредност, барем не надвор од таа што би ја имало детето и кога би си играло со коцки дома, за беспари.

Еден од родителите интервјуирани од кинеската новинска агенција Xinhua, признава дека во овие тренинг центри, децата поголем дел од времето всушност само си играат, и всушност многу малку учат, но да го запише своето дете и да плаќа 7.500 долари бидејќи многу други деца од областа оделе на тие курсеви. „Секако, не сакаме да бидеме изоставени“.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Експертите пак нешто мрчат. Велат дека е невозможо да направиш лидер од дете што има три години, и дека овие курсеви прават многу повеќе штета отколку бенефит. Со веќе густиот школски распоред, жртвувањето на слободното време на детето со тоа што ќе го присилиш да реди коцки, само може да ги измори децата од учење уште од мала возраст.

20160321004702522[1]
Моќен, компетитивен лидер во залез.

Но тоа што го прават врсниците и тоа како го диктира темпото во Кина, и сé додека има две луди фамилии што ќе платат десетици илјади јуани за вака траги-комични курсеви, ќе има и трета, сé додека има трета, ќе има и четврта, и така до недоглед. Всушност, колку е поскап курсот, толку пополуарен станува, признаваат од институтите за деца.

Други слични елитни курсеви за екстремно младите Кинесчиња наведени во извештајот се и „кралски курсеви за јавање коњи со пречки (equestrianism)“ или „летни голф кампови за деца“. И едните и другите чинат десетици илјадници јуани.

- Реклама -