Кинезите ќе ја градат највисоката зграда во светот за 90 дена

Според инженерите ова ќе биде највисокиот облакодер во светот до крајот на март 2013 година. Неговото име ќе биде Sky City, и ќе биде висок 838 метри поделени на 220 ката составени за само 90 дена во градот Чангша крај реката Ксиангџинг. Деведесет дена!

Ова не е шега. Според градежната компанија, облакодерот ќе биде завршен за само 90 дена со неверојатна градежна брзина од пет ката на ден. Ова е тешко за верување, но тие тврдат дека зградата е дизајнирана од дел од инженерите кои претходно работеле на Бурџ Калифа. Ова е истата компанија која заврши 30 катен хотел за само 15 дена – кој сè уште стои и функционира совршено.

Темелите ќе бидат поставени до крајот на месецот штом кинеските власти го одобрат проектот. Тие ќе можат да ја постигнат оваа неверојатно брза изградба користејќи префабрикувана модуларна технологија создадена од Broad Sustainable Building, компанија која до сега има изградено 20 високи структури во Кина, вклучувајќи го и 30 катниот хотел.

Прочитајте и:  Си: Кина и Русија мораат да одржат пријателство во тешката глобална ситуација

По завршувањето на тој хотел компанијата работи на усовршување на нивната технологија која сега наводно ќе им овозможи да го изградат највисокиот облакодер во светот за само три месеци. Сепак, ова е компанија која има изградено и пирамида во границите на својот канцелариски комплекс Broad Town во Кина.

За разлика од Бурџ Калифа, оваа кула ќе биде во најголем дел станбен комплекс. Конечната висина ќе биде 838 метри споредено со 829 метри на Бурџ Калифа која има само 163 ката и висока кула на врвот.

Во изградбата ќе бидат употребени неверојатни 220.000 тони челик. Структурата ќе има сместување за 31.400 луѓе во станбениот дел кој ќе зафаќа 83 проценти од целиот простор, а останатите 17 проценти ќе бидат искористени за канцеларии, училишта, болници, продавници и ресторани. Вертикалниот транспорт ќе биде во форма на 104 експресни лифтови.

- Реклама -