Кинескиот фармер Wu Yulu се вози низ неговото гратче исклучиво само на рикша и тоа рикша која ја влече робот кој Yulu го конструирал специјално за таа намена. Роботот на овој самоук фармер без образование има и име – „Синот од 30 секунди“ кое го добил поради тоа што може да функционира само 30 секунди.
Кинескиот фармер Wu Yulu се вози низ неговото гратче исклучиво само на
рикша и тоа рикша која ја влече робот кој Yulu го конструирал
специјално за таа намена. Роботот на овој самоук фармер без образование
има и име – „Синот од 30 секунди“ кое го добил поради тоа што може да
функционира само 30 секунди.
{youtube}9PV_IoLTsBU&eurl{/youtube}
Изумите на Wu Yulu му предизвикале доста невољи во неговиот живот: тој предизвикал пожар во кој изгорела неговата куќа, а неговата жена побарала развод поради тоа. Но сега тој е познат по своите изуми, добива признанија од универзитетитите и работи за компаниите кои се заинтересираа за неговите креации. [Reuters: Chinese farmer robot inventor]