Ако нешто очекуваш од прашање на тест за 5-одделенци, тоа е да биде разбирливо и да биде решливо, така? Во Кина не.
На Интернет се врти една задача која им била поставена на 11-годишните ученици во едно кинеско училиште. Гласи вака:
„Ако на еден брод има 26 овци и 10 кози, колку е стар капетанот?“
…
…
…
Е да, и интернет се чеша по главата во обид да одговори. South China Morning Post објави еден од креативните одговори кои учениците ги смислиле „под принуда“ „Капетанот има 36 години. Прилично е нарцисоиден, па бројот на животни кореспондира со неговата возраст“.
Сезнајковците на интернет фатија да бараат по Википедија.
„Во Кина, ако возиш брод со толкав товар, мораш да поседуваш дозвола за пловење најмалку 5 години. Минималната возраст да се добие дозвола за возење брод е 23, што значи капетанот е стар најмалку 28 години“.
Се разбира, тоа не е точниот одговор на било која задача поставена на ученици во основно училиште.
На крајот, луѓето се предадоа и посегнаа по очигледните одговори:
„Бројот на овци и кози е ирелевантен кон возраста на капетанот“,
или:
„Капетанот е стар… Не знам. Не можам да го решам ова. Ако некој има 0 овци и 0 кози, што значи тоа? Дека нема возраст? Треба ли одново да ја напишеме физиката?“
На крајот, се огласија од Министерството за образование, со образложение:
„Улогата на едукацијата не е да произведе стандардизирани резервни делови… (читај: резервни работници во системот). Секој одговор рефлектира различна личност. Прашање што може да има различни одговори е добро прашање“.
Со други зборови, целта била да се предизвика дебата околу важноста на критичкото мислење, вклучително и во математички рамки, наспроти праксата само да се меморираат информации.