Претставник на брендот Lynk & Co, создаден заеднички од компаниите Volvo и Geely, објави дека фирмата е подготвена да обезбеди доживотна гаранција на своите автомобили. Оваа го изјави потпретседателот на брендот, Ален Висер, за време на автосалонот во Шангај.
Топ-менаџерот не откри детали за предлогот што во моментов одекна како бомба во автомобилските кругови. Висер само потенцира дека ова е тема на рагледување и за неа ќе има поединости во блиска иднина, но потенцира дека сите сопственици на автомобилите од марката Lynk & Co, ќе добијат бесплатен и безлимитен пристап до Интернет.
На салонот во Шангај новиот бренд покажа концептна верзија на својот прв модел – седанот 03. Неговите агрегати ќе бидат преземени од новите Volvo XC40 и S40. Се очекува серискиот седан 03 да се појави на пазарот следната година. Инаку минатата есен Кинезите го претставија својот прв модел – кросовер 01. Тој ќе биде проследен и од уште еден автомобил, кој ќе се вика 02. Во компанијата предвидуваат да ги продаваат автомобилите со едно ниво на опрема и со фиксни цени. Клиентот ќе може да избира само мотор и пренос.