Kина посакува 30% од државните возила да бидат електромобили

Според информациите на агенција Bloomberg, Кина ќе бара до 2016 година 30% од сите државни автомобили да бидат со електрично задвижување. Оваа иницијатива која ја презема државата е за намалување на загаденоста во земјата, како и за намалување на потрошувачката на ресурсите.

Кина ќе воведе бројни поволни параметри при купувањето на автомобили со електричен или хибриден погон, а државните и јавните институции ќе треба да изградат посебни паркинг-места, специјално за овој тип возила, вклучувајќи ги и потребните инсталации за надополнување.

Како што е познато првиот чекор во електрификацијата на земјата, посебно во големите урбани центри, понудени се одредени бенифиции и субвенции. Кина многу вложува во развојот на новите технологии во оваа сфера, бидејќи се смета дека ова е еден од важните инструменти за намалување на загаденоста токму во овие средини.

- Реклама -