Кина почна да копира и градови

2003665809_ppВо Кина модернизацијата продолжува да повлекува милиони луѓе од фармите
во градовите и предградијата, бидејќи чуден конструкциски бум им даде
ново значење на европските култури.

 

2003665809

 

Во Кина модернизацијата продолжува да повлекува милиони луѓе од фармите во градовите и предградијата, бидејќи чуден конструкциски бум им даде ново значење на европските култури.

Овие општини се најновата манифестација за техниката која го водеше економскиот бум на Кина: правењето копии. 

2003665802

 

Во Нанџинг постојат италијански вили, додека во градот Хангзоу може да прошетате низ Венеција и Цирих. Во центарот на Пекинг, се' се врти околу Менхетен, Централ Парк и Парк Авенијата.

Помеѓу денес и 2015, околу половина од новите светски конструкции ќе бидат направени во Кина, а се верува дека секоја година ќе се гради површина од 6 билиони m2. Овие простори се ветување за новата средна класа и искуство кое повеќето од нив не го доживеале досега.

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса

Да не се знаците на кинески јазик во Венис Акватик Сити, би било тешко да се направи разлика. Гондолите пловат низ каналот како и во Италија. Населбата ќе се простира на 8 квадратни милји со 4,500 граѓани сместени во вили и куќи.

На почетокот ова бил голем проект за Џејмс Хо, директорот на Хенге недвижнините, кој ги праќал неговите мајстори и по 3 пати во Европа за да ги научат различните стилови и техники во градењето.

 

[Re-creating European cities China's latest housing trend]

 

- Реклама -