Кина го повика Израел да запре со „колективно казнување“ на цивилите во Газа

Министерството за надворешни работи на Кина повика на сеопфатен и итен прекин на огнот и апелираше до Израел да престане со „колективното казнување“ на цивилите во Појасот Газа.

Министерството, исто така, ги повика завојуваните страни во Газа да ги спроведат релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, пренесува Ал Џезира.

Со последната Резолуција донесена од Советот за безбедност на Обединетите нации на крајот на декември се повикува на брза и непречена испорака на хуманитарна помош од големи размери за палестинското цивилно население во Појасот Газа.

Кина гласаше за таа резолуција. Во ноември, Пекинг го повика Советот за безбедност на ОН да формулира „конкретен“ временски распоред и патоказ за договор на две држави за да се постигне „сеопфатно, праведно и трајно“ решение за палестинското прашање.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -