Ким Кардашијан е бремена (видео)

Ким Кардашијан го очекува своето прво дете со раперот Кање Вест.

Популарниот рапер, кој е во врска со Ким само осум месеци, ги сподели среќните вести со сите свои обожаватели на концерт во Атлантик сити, Њу Џерси.

Со широка насмевка, Кање им рече на сите присутни да ја „сопрат музиката и да викнат на цел глас за мајката на неговото дете“, мислејќи на Ким, која беше меѓу посетителите.

Ким (32), наводно не знаела дека нејзиниот 35-годишен дечко ќе ја соопшти радосната вест и била изненадена како и остатокот од гостите на концертот.

Останатите членови потврдиле на Твитер дека Ким ќе го прошири семејството, а според Е! News старлетата е веќе 12 недели во блажена состојба. [Kim Kardashian is pregnant]

[youtube]daRUse0xdko[/youtube]

 

 

- Реклама -